Турција за неколку дена ќе почне воена операција источно од Еуфрат во Сирија

Турција ќе почне операција источно од реката Еуфрат во Сирија за „неколку дена“, најави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а потегот би можел дополнително да ги искомплицира односите со Соединетите Американски Држави.

„Ќе ја почнеме операцијата за да го исчистиме истокот на Еуфрат од сепаратистичките терористи за неколку дена. Наша мета никогаш не се американските војници“, кажа Ердоган во говор пренесуван од националната телевизија. „Овој чекор ќе овозможи отворање на патот за политичко решение и поздрава соработка“.

Анкара неодамна повторно ја изрази фрустрацијата поради одложувањето на спроведувањето на договорот со САД за повлекување на турските сили ИПГ од градот Манби, западно од Еуфрат.

Турција минатиот месец соопшти дека сака целосно спроведување на договорот за Манби до крајот на годината. Во ноември турски и сириски војници почнаа заеднички патроли во северна Сирија.

ИПГ сѐ уште контролира големи делови од североисточна Сирија.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе