Во работните денови на жителите ќе им биде забрането излегување од дома меѓу девет часот навечер и пет часот наутро, а за време на викендот од девет часот навечер во петок до пет часот наутро во понеделник, кажа Ердоган.
Мерките стапуваат во сила утре. Од нив се изземени секторите на производство и снабдување.
Во Турција веќе осум дена се бележи рекорден број на умрени, со 188 смртни случаи во последните 24 часа, соопшти турското министерство за здравство.
Во последните 24 часа е забележан и рекорден број на новозаразени, дури 31.219, вклучувајќи ги асимптоматските случаи.
Од почетокот на пандемијата во март во Турција од компликации со ковид-19 умреа 13.746 луѓе.