Турција: Во понеделник ќе вратиме илјадници џихадисти на Исламската држава во нивните земји

Анкара во понеделник ќе започне со репатријација на заробените милитанти на Исламската држава кои се во турските затвори во нивните матични земји, изјави турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, пренесе Ројтерс.

„Ви велиме дека ќе ви ги вратиме. Почнуваме во понеделник“, рече Сулејман Сојлу, јави државната новинска агенција Анадолу.

Турскиот министер не кажа кои земји се опфатени со мерката.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган во четвртокот изјави дека повеќе од 1.150 припадници на Исламската држава се наоѓаат моментално во турските затвори.

Анкара редовно ги повикува европските земји да ги преземат своите државјани кои се бореле во редовите на Исламската држава во Сирија, но тие не се подготвени да ги прифатат, пред сè од безбедносни причини и непопуларноста на таквата мерка.

Сојлу во понеделникот рече дека Турција ќе ги врати странските борци на Исламската држава во нивните земји, дури и ако на нив им било одземено државјанството.

Но, не е јасно како Турција ќе врати некого во земја чиј државјанин веќе всушност не е.

Иако според Њујоршката конвенција од 1961 година, нелегално е да се остави некој без државјанство, неколку земји, меѓу кои и Велика Британија и Франција, не ја ратификуваа.

Велика Британија на повеќе од 100 лица им го одзеде државјанство поради наводно учество во џихадистички групи во странство.

Турција, за која долго време се сомневало дека пушта џихадисти преку својата граница во Сирија, се приклучи кон анти-џихадистичката коалиција во 2015 година, бидејќи била жртва на неколку напади на Исламската држава.

Но, во последните неколку недели, Анкара е обвинета дека ја ослабува борбата против Исламската држава со офанзивата што ја започна на 9 октомври против курдската милиција Единицата за народна заштита (ЈПГ), предводник на борбата против џихадистичката организација.

„Каде да летнеме викендов е пристап што како таков повеќе нема да постои“...

повеќе

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе