Турција во целосен карантин за време на викендот (ВИДЕО)

Турција за време на викендот го воведе својот прв целосен карантин од мај, откако во последните денови во таа земја беше евидентиран рекордно висок број новозаразени со коронавирусот и рекорден број смртни случаи од последиците на ковид-19.

EPA-EFE

Во земјата со 83 милиони жители во петокот се евидентирани 32.736 нови случаи на зараза, вклучувајќи и асимптоматски, што е најголемиот број од избивањето на пандемијата во март.

Во петокот од последици на ковид-19 умреле 193 лица, што е рекорден број кој беше достигнат и пред два дена, а вкупно од почетокот на пандемијата умреа 14.509 луѓе.

Турската државна телевизија денес ги покажа главно празните плоштади и улици во најголемиот град Истанбул, во главниот град Анкара и во третиот по големина турски град Измир.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу кажа дека повеќето луѓе ги почитуваат рестриктивните мерки, пренесува новинската агенција Анадолу.

Турција е сега на четвртото неславно место според бројот на дневно заразените. Зад неа се Соединетите Американски Држави, Индија и Бразил, сите земји со далеку поголем број на жители од Турција.

Турските власти четири месеци објавуваа податоци исклучиво за дневните симптоматски случаи на зараза, а вкупниот број на симптоматските и несимптоматските случаи почнаа да го објавуваат на 25 ноември.

Целосно затворање во сите големи градови за време на викендот турските власти последен пат воведоа во мај. Минатиот месец властите најавија воведување полициски час во целата земја, но досегашните мерки не успеаја да го сопрат ни бројот на новозаразените ни бројот на смртни случаи.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган во понеделникот најави целосен карантин за време на викендот и воведување полициски час во работните денови. Кажа дека мерките, чија цел е да се сузбие ширењето на вирусот, се преземаат внимателно за нивното влијание врз економијата да се сведе на најмала можна мера.

Турската економија во второто тромесечје на годишно ниво падна за 9,9 отсто. Се крена во третото тромесечје кога, по укинувањето на рестриктивните мерки, порасна за 6,7 отсто.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе