Турција вели дека уапсила „важна“ фигура на Исламска држава

Министерот за внатрешни работи на Турција Сулејман Сојлу денеска соопшти дека Анкара заробила „важна“ фигура на Исламска држава во Сирија. 

Тој кажа дека истражните органи го испитуваат осомничениот, без да го изнесе неговото име ни деталите од апсењето.

Турција соопшти дека заробила и уапсила неколку члена на семејството на убиениот лидер на Исламска држава Абу Бакар ал-Багдади, меѓу кои и една од неговите жени, сестра му и една од ќерките.

Оваа земја деновиве им дава публицитет на напорите да зароби членови на Исламска држава по критиките дека нејзината неодамнешна офанзива на северот на Сирија би можела да доведе до оживување на оваа терористичка организација. 

Сојлу рече и дека Германија и Холандија се согласиле да ги примат притворените германски и холандски припадници на ИСИС и нивните семејства од Турција, откако Анкара неделава почна да ги враќа борците.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе