Турција вечерва воведува целосен карантин

Во Турција вечерва почнува првиот целосен карантин во таа земја. Граѓаните се подготвуваат за строги мерки: улиците се преполни, трговските центри се полни, а има гужва и во сообраќајот.

EPA-EFE

Дел од граѓаните поитале на главната автобуска станица за да заминат од Истанбул, додека други се обидуваат да натрупаат резерви на алкохол поради вестите за делумна забрана за купување такви производи.

Во истиот период минатата година Турција беше пример за успех во борбата против пандемијата. Ја пофали дури и Светската здравствена организација. Но една година подоцна, земјата се најде меѓу најпогодените од коронавирусот, со најголема стапка на зараза во Европа.

Турските власти и понатаму се горди на релативно нискиот вкупен број смртни случаи (околу 39.000) и сметаат дека пандемијата, благодарение на силниот здравствен систем на земјата, сè уште е под контрола. Но, наглиот пораст на случаите е загрижувачки.

Минатиот ноември Турција воведе втор пакет мерки на ограничување и кон средината на февруари бројот на дневни случаи падна на околу 6.000. но штом владата во март почна да ги ублажува мерките, Турција ја погоди нов бран.

Властите затоа на почетокот на април повторно воведоа нови мерки, но тоа не беше доволно за сопирање на ширењето на заразата. На врвот на овој бран во април имаше над 60.000 инфекции дневно и над 300 смртни случаи.

Експертите сметаат дека турските власти прерано ги тргнале мерките за ограничување и дека не ја спровеле доволно брзо програмата за вакцинирање.

До сега во Турција, која има 82 милиони жители, вакцинирани се повеќе од 22 милиони луѓе. Турција главно ја користи кинеската вакцина Синовак, со помалку дози од вакцините на Фајзер и руската Спутник V.

„Ја забрзавме програмата за вакцинирање, ги користиме Синовак, Бајонтек/Фајзер и Спутник V“, кажа неодамна министерот за здравство Фахретин Коца.

Експертите ја критикуваат владејачката партија на претседателот Реџеп Таип Ердоган дека во март организирала преполни конгреси, додека многу општествени собири и јавни протести беа забранети.

Научниците сметаат дека стапката на зараза ја забрзале и новите соеви на ковид-19, особено британскиот.

Карантинот во Турицја почнува денес во 19 часот и ќе трае до 17 мај.

Граѓаните ќе мора да седат дома, домот може да го напуштаат само во случај на нужно купување или неопходна медицинска помош. Ако сакаат да го напуштат градот, ќе мора за тоа прво да побараат службена дозвола.

Школите се затвораат, а јавниот превоз воведува ограничување на капацитетот. Продажбата на алкохол ќе биде ограничена.

„Европа влегува во фаза на повторно отворање а ние мораме брзо да го намалиме бројот на случаи на помалку од 5.000 на ден, за да не заостанеме“, кажа Ердоган.

Минатата година Турција забележа пад на странските посетители за 70 отсто. Туристичкиот сектор се надева дека карантинот ќе резултира со намалување на бројот на инфекции и ќе доведе до повторно отворање за време на летната сезона.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе