Ердоган повторно се заканува

„Турција уште посилно ќе продолжи со офанзивата ако сириската влада направи грешка“

„Турција ќе ја продолжи офанзивата во североисточна Сирија уште поинтензивно од претходно ако не се спроведе петдневниот договор за прекин на огнот со САД“, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и додаде дека Турција ќе одговори ако сириската влада „направи грешка во регионот“.

Тој додаде дека за Турција не претставува проблем влегувањето на сириските сили со поддршка од Русија во областите „исчистени“ од курдските борци наведувајќи дека Анкара нема намера да остане во областите што сега се под нејзина контрола во северна Сирија.

Но, ако Асад „направи грешка“, Турција ќе одговори.

Турција планира да воспостави 12 пункта во сириската „безбедна зона“, рече претседателот и додаде дека таму може да се сместат 2 милиони бегалци ако во неа се вклучени и Деир ал-Зор и Рака.

Ердоган рече дека го известил американскиот претседател Доналд Трамп за офанзивата во телефонски разговор еден ден пред таа да почне, пренесува Ројтерс.

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе