Турција: Украинскиот извоз на житарките почнува неделава според договорот

Седиштето за надзор на извозот на украинските житарки треба денес да биде отворено во Истанбул, откако минатата недела со помош на Обединетите нации беше постигнат договорот, а висок турски функционер изјави дека првите бродови веројатно ќе испловат од црноморските пристаништа за неколку дена.

EPA-EFE

Русија и Украина го потпишаа договорот во петокот, со посредување на Турција и ОН, за повторно почнување на извозот на житарки и ѓубриво, кој е блокиран од војната, за да се ублажи меѓународната криза со храна.

Заедничкиот координациски центар (ЈЦЦ) во Истанбул ќе го надгледува испловувањето од три украински пристаништа во кои бродовите мора да ги заобиколат мините и ќе се спроведуваат инспекции на бродовите во случај да пренесуваат оружје. Сите бродови минуваат низ турски води.

Турскиот претставник кажа дека сите детали се разработени, вклучувајќи безбедна рута за бродовите, која нема да бара чистење на морските мини.

„Нема да трае повеќе од неколку дена. Изгледа дека првите житарки ќе бидат натоварени неделава и дека ќе почне нивниот извоз од Украина“, кажа функционерот кој сакал да остане анонимен.

Договорот околу извозот беше речиси веднаш доведен во прашање откако Русија испука крстосувачки ракети на пристаништето Одеса, најголемото во Украина, во саботата наутро, само 12 часа по церемонијата на потпишување на договорот во Истанбул.

Но и Москва и Киев објавија дека ќе продолжат со спроведување на договорот, првото дипломатско придвижување во конфликтот кој влезе во шестиот месец. Сите страни ќе именуваат претставници во Заедничкиот координациски центар кој ќе го следи спроведувањето на договорот. Украина и Русија извезуваа третина од светската пченица пред руската инвазија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе