Турција уапси уште 100 војници поврзани со државниот удар

Турските власти наредија апсења на повеќе од 100 војници и поранешни кадети осомничени за поврзаност со мрежата на муслиманскиот свештеник Фетулах Ѓулен обвинет за организирање на државниот удар во 2016 година, изјавија денес обвинителите и државните медиуми.

Полициските операции против поддржувачите на Ѓулен се вршат редовно по неуспешниот удар и неодамна добија на интензитет.

Ѓулен го негира учеството во обидот за државен удар во кој се убиени 250 лица.

Канцеларијата на државниот обвинител во Истанбул соопшти дека како дел од истрагата за лицата во војската поврзани со Ѓулен нареди апсење на 50 осомничени - шест од нив се офицери, а останатите се студенти на воената академија исфрлени по обидот за државен удар.

Оваа операција извршена во 16 покраини се темели на повици во фиксната телефонија, се вели во соопштението.

Обвинителите наредија апсење на уште 52 војници во јужната покраина Адана, 42 од нив во служба, во операцијата извршена во 20 покраини, објави државната агенција Анадолија, пренесе Ројтерс.

Повеќе од 77.000 луѓе се во затвор и чекаат судење, додека 150.000 државни службеници, воени лица и други се отпуштени или суспендирани, како дел од чистката по обидот за напад.

Големите полициски операции се сѐ уште вообичаени.

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе