Турција: Судот го ослободи американскиот свештеник Ендрју Брансон

Турскиот суд денес донесе одлука да го ослободи американскиот свештеник Ендрју Брансон по две години затвор, а чиј притвор предизвика дипломатска криза меѓу Анкара и Вашингтон.

Судот во Измир, на запад во Турција, го осуди Брансон на три години и еден месец затвор, но по две години го ослободи земајќи го во предвид времето поминато во притвор и доброто однесување за време на судењето.

Како што наведе адвокат на американскиот свештеник, на Брансон му е дозволено да ја напушти Турција и се очекува наскоро да отпатува во САД.

Брансон во Турција живее веќе 23 години. Тој беше уапсен во декември 2016 година, a на 22 јули оваа година беше префрлен во домашен притвор.

Свештеникот беше обвинет за делување во име на мрежата на проповедникот Фетула Ѓулен, кого Анкара го смета за одговорен за обидот за државен удар во јули 2016 година, но и во име на Работничката партија на Курдистан.

Двете организации Турција ги смета за терористички.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе