Турција: Шведска и Финска мора да направат повеќе за да влезат во НАТО

Турција кажа дека Шведска и Финска направиле „позитивни чекори“ во борбата против тероризмот, што беше условот кој го постави Анкара за да го подржи нивното влегување во НАТО, но дека треба да направат повеќе за да ги задоволат барањата на Анкара, кажа шефот на турската дипломатија.

EPA-EFE

„Новата влада на Шведска е порешителна од претходната и ние тоа го прифаќаме со задоволство. Тие направија законодавни промени и сето тоа претставува позитивни чекори“, кажа министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу за новинарите во Брисел, на маргините на состанокот на НАТО.

Министрите за надворешни работи на Шведска, Финска и Турција се сретнаа во вторникот на маргините на состанокот. Но, турскиот министер додаде дека, без оглед на „убавите зборови и решителноста“ на двете нордиски земји, Турција сè уште чека „конкретни мерки“.

Турција ги обвинува Шведска и Финска за попустливост кон Работничката партија на Курдистан (ПКК) и нејзините сојузници, како Единиците за народна заштита (ИПГ), и го блокира влезот на двете земји во западниот воен пакт од мај.

Шведска и Финска аплицираа за влез во НАТО во мај, како одговор на руската инвазија на Украина.

Унгарија, единствената земја во НАТО која покрај Турција не го ратификувала влегувањето на Шведска и Финска, кажа дека тоа ќе го направи во првиот дел на февруари 2023.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе