Вашингтон го засилува притисокот врз Анкара

Турција се подготвува да продолжи со купувањето руско оружје и покрај предупредувањата со САД

Турција се заканува дека ќе продолжи со купувањето оружје од Русија и покрај предупредувањата од Вашингтон, јавува Војс оф Америка.

EPA-EFE

Додека САД го засилуваат притисокот врз Анкара да се откаже од купување нов руски противракетен одбранбен систем С-400, турскиот министер за одбрана Хулуси Акар месецов ги отфрли американските забелешки.

„Тоа не е офанзивен систем. Тоа не е ризик, закана или опасност по другите“, кажа Акар и додаде дека системот не претставува закана за кого било, на кој било начин, таму каде што е распореден.

Вашингтон наведува дека најсовремените радари на проектилите на С-400 претставуваат закана за одбранбените системи на НАТО и повика на нивно отстранување.

Меѓутоа, од Анкара е соопштено дека се размислува за купување ново количество руски проектили.

Извор близок до владата тврди дека Турција веќе постигнала договор со Москва, наведува ВОА.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе