Ова Ердоган го изјави по повод контроверзата околу купувањето на рускиот ракетен систем С-400.
Купувањето на С-400 предизвика тензии меѓу Турција и САД. Вашингтон ја предупреди Анкара дека постои можност од воведување санкции доколку го реализира купопродажжниот договор.
„Апсолутно нема шанса Турција да се откаже од купувањето на системот С-400. Тоа е завршена работа“, изјави Ердоган синоќа во Истанбул и додаде дека Турција со Русија „ќе го произведува и системот С-500 по купувањето на С-400“.
САД сметаат дека договорот за С-400 претставува закана за западните земји. Вашингтон побара од Анкара да бира меѓу рускиот ракетен систем и американските стелт ловци Ф-35, кои исто така ѝ се потребни на Анкара.
Откако САД ја суспендираа испораката на опремата во рамки на проектот Ф-35 на Турција, Ердоган кажа дека Турците порано или подоцна ќе ги добијат американските авиони.