Турција сака подобри односи со Израел, но ја критикува неговата политика кон Палестинците

Претседателот Реџеп Таип Ердоган денес кажа дека Турција сака да има подобри односи со Израел, но ја критикуваше израелската политика кон Палестинците како „неприфатлива“ и „црвена линија“ за Анкара.

EPA-EFE

Двете земји и покрај трговските врски имаа тензични односи во последните години. Анкара повеќе пати ја осуди израелската окупација на Западниот брег и постапувањето со Палестинците.

Ердоган на новинарите во Истанбул им кажа дека Турција имала проблеми со „високи функционери“ во Израел и дека односите би можеле да бидат „многу поинакви“ ако ги немало тие проблеми.

„Да ги нема проблемите на високо ниво, нашите односи би биле многу поинакви“, додаде тој, „Би сакале нашите односи да ги однесеме на подобро ниво.

Политиката кон Палестинците е нашата црвена линија. Невозможно е за нас да ја прифатиме израелската политика кон Палестинците. Нивните безмилосни постапки таму се неприфатливи“, кажа турскиот претседател.

Турција и Израел, поранешните сојузници, меѓусебно си ги протераа највисоките дипломати во 2018 година кога израелските сили убија десетици Палестинци на границата на Газа.

Израел во август ја обвини Турција за давање пасоши на десетици припадници на Хамас во Истанбул и го опиша потегот како „многу непријателски чекор“ за кој владата ќе разговара со турските власти.

Хамас во 2007 година ја презема власта во Газа од силите лојални на палестинскиот лидер Махмуд Абас, а групата од тогаш трипати војуваше со Израел. Турција тврди дека Хамас е легитимно и демократски избрано политичко движење.

Израел, кој годинава воспостави дипломатски односи со четири арапски земји, објави во средата дека работи на нормализација на односите со петта арапска земја.

Тунис во вторникот објави дека не планира да ги нормализира односите со Израел.

Анкара го нападна зближувањето на Израел со Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Судан и Мароко со посредништво на Соединетите Американски Држави. Ердоган претходно се закани дека ќе ги прекине дипломатските врски со ОАЕ и ќе го повлече својот претставник.

Палестинците ги критикуваа арапските држави поради нормализацијата на односите со Израел и тоа го сметаат за предавнички чин.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе