Турција размислува да ја одложи набавката на С400 по барање на САД

Турција го разгледува барањето од САД да го одложи купувањето на рускиот ракетен систем С-400 до 2020 година, што би можело да ги намали тензиите меѓу двата сојузници во НАТО, објави Блумберг.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела побарала од Анкара да го одложи приемот на С-400, кој според договорот треба да биде испорачан во јули.

Доцнењето ќе им „купи“ повеќе време на Турција и на САД за решавање на прашањето што се заканува да резултира со наметнување уште поголеми санкции за турската економија.

САД тврдат дека рускиот антиракетен систем е дизајниран да соборува американски и сојузнички авиони, вклучувајќи го и Ф-35, во чија изградба помагаат и турски производители.

Турскиот министер за финансии, Берат Албајрак, претходно на Си-ен-ен изјави дека постои можност Трамп да ја посети Турција во јули.

Американскиот министер за одбрана, Патрик Шанахан, го нарече планираното купување на С-400 „некомпатибилно“ со намерата за купување борбени авиони Ф-35.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео, исто така, минатиот месец објасни дека ги предупредил турските власти дека Анкара нема да биде подобна за производство на делови за Ф-35 поради купувањето на руските ракетни системи С-400.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе