На грчката граница

Турција распореди 1.000 специјалци за да ги спречуваат мигрантите да се враќаат

Турција денеска распоредува 1.000 специјални полициски сили вдолж границата со Грција за да го спречи враќањето на мигрантите на нејзина територија, изјави министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу и додаде дека грчката полиција ранила 164 мигранти.

Анкара и Атина водат вербална војна по одлуката на Турција да не се придржува кон договорот од 2016 година со Европската Унија за стопирање на илегалните миграциски текови во Европа, а за возврат да добие помош од милијарди евра.

Оттогаш, илјадници мигранти се упатија кон турската граница со Грција, во надеж дека ќе преминат во Европа. Анкара ги обвини грчките власти дека убиваат и рануваат мигранти близу границата. Атина го отфрли ова, велејќи дека турската полиција им помага на мигрантите илегално да ја преминат границата.

Говорејќи пред новинарите во северозападната погранична провинција Едирне, Сојлу рече дека грчката полиција ранила голем број мигранти што се обидувале да ја преминат границата.

„Тие ранија 164 лица. Се обидоа да истуркаат 4.900 луѓе назад во Турција“, рече тој. „Ние распоредуваме 1.000 полицајци од специјалните сили во граничниот систем... за да го спречиме враќањето.“

Турција, заглавена во воен судир со Москва и Дамаск во северозападна Сирија, прими 3,6 милиони сириски бегалци и рече дека не може да се справи со повеќе. Таа сака од ЕУ да добие повеќе пари и поддршка за нејзините акции во Сирија.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган вчера се сретна со официјалните претставници на ЕУ на разговори околу развојот на настаните во Сирија и мигрантите што ги преплавија европските граници. Портпаролот на Ердоган подоцна рече дека на разговорите не бил даден „конкретен предлог“ за мигрантите.

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе