Турција поради руските мерки би можела да остане брз половина милион туристи

Турција би можела да изгуби околу половина милион туристи поради руските ограничувања на патувањата кои треба да останат на сила до почетокот на јуни, кажа министерот за туризам Мехмет Нури Ерсој.

EPA-EFE

Русија објави дека до 1 јуни ќе го ограничи воздушниот сообраќај со Турција поради рекордниот број новозаразени во таа земја и новиот карантин.

„Забраната би можела да биде укината пред предвидениот рок ако бројот на новозаразени се намали. Турција би можела да изгуби околу половина милион туристи“, кажа министерот Ерсој и додаде дека не се забележани проблеми со резервациите за ова лето.

Турскиот министер за здравство Фахретин Коца во понеделникот кажа дека руската амбасада наскоро ќе ги посети туристичките дестинации во Турција за да утврди дали се спроведуваат мерките за сузбивање на коронавирусот. Пандемијата минатата година ги скастри турските приходи од туризмот за две третини. Туризмот за турската економија е клучен извор на девизни приходи и помага да се ублажи хроничниот недостиг на тековната сметка на платниот биланс.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе