Турција поради коронавирусот ослободува затвореници, на слобода е и озлогласен мафијаш

Еден од шефовите на турската мафија излезе денес на слобода по одлуката на власта за пуштање на затвореници за да се заузда ширењето на коронавирусот во пренатрупаните затвори, соопштија турските медиуми.

Турскиот парламент во понеделникот вечерта донесе закон со кој се овозможува ослободување на повеќе десетици илјади затвореници, на кои во преполните затвори им се заканува епидемија на коронавирусот.

Во согласност со новиот закон, од затворот Синкан во Анкара е пуштен Алаатин Џакици, обвинет за поттикнување убиство и други кривични дела, јавија дневниот весник Хабертурк и приватната новинска агенција ДХА. Според објавените снимки, мафијашкиот бос со конвој возила го напуштил затворот.

Затворениците низ Турција почнаа да пуштаат затвореници во средата вечерта по амнестијата која во парламентот ја изгласаа пратениците на владејачката исламистичка партија Правда и развој (АКП) и нивниот сојузник, крајно десничарското Националистичко движење (МХП).

Џакици, многу близок до лидерот на МХП Девлет Бахчели, во 2006 година беше осуден на доживотен затвор поради налогот за егзекуција на својата поранешна сопруга, но казната во 2018 година беше сменета во затворска казна од 19 години и два месеци. Бахчели го посети Џакици во затвор и повика на негово ослободување.

Според амнестијата, од затвор пред отслужувањето на целосната казна на слобода ќе бидат пуштени околу 90.000 затвореници.

Невладините организации ја критикуваа одлуката бидејќи не предвидува ослободување на осудените за „тероризам“, меѓу кои многубројни новинари, јавни функционери, адвокати и претставници на политичката опозиција.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе