Турција почна воена операција против курдските сили во северен Ирак (ВИДЕО)

Турската војска почна воздушна и копнена операција против курдските безбедносни сили во северен Ирак, тврдејќи дека станува збор за самоодбрана за да ја исчисти областа од „терористи“.

EPA-EFE

Операцијата е наречена „Тигарска канџа“, и ја предводат турски командоси поддржани од борбени авиони, хеликоптери и вооружени дронови. Турското министерство за одбрана соопшти дека турските авиони бомбардирале курдски цели во областа Хафтанин во северен Ирак, и дека трупите се подготвени за инвазија.

Во соопштението објавено денес на Твитер турската војска го нарече нападот „легитимна самоодбрана“ против силите на Курдската работничка партија (ПКК) и „сите други терористички елементи“ осомничени за вршење напади врз турските интереси во регионот.

Турската војска објави снимка од командниот центар, на која се гледаат воздухопловни дронови кои оперираат врз нападнатата област. Тие соопштија и дека операцијата досега е успешна, но не објавија дали досега имало жртви на која било страна.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе