„Почнува да се применува во градските болници од денес“

Турција почна со примената на својата вакцина Турковак

Турција денес во болниците низ земјата почна со примена на својата вакцина против коронавирусот Турковак.

EPA-EFE

Како што пренесува Ројтерс, таа држава веќе употребила над 130 милиони дози од вакцините на Синовак и Бајонтек/Фајзер, а почна и со имунизација со бустер доза од вакцините.

Домашната вакцина Турковак минатата недела доби дозвола од турските власти за итна употреба.

Како што се наведува, за првпат од октомври, дневниот број на случаи на коронавирусот неделава скокнал на повеќе од 30 илјади.

Министерот за здравство Фахретин Коча повторно апелираше до граѓаните да примат бустер доза од вакцините.

„Нашата вакцина Турковак ќе почне од денес да се применува во градските болници“, наведе Коча во соопштение.

Тој кажа дека е можно да се прими бустер доза од Турковак вакцината без оглед на тоа која вакцина граѓаните претходно ја примиле.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе