Можеле да добијат до 20 години затвор

Турција осуди новинари на затвор поради откривање државни тајни

Суд во Истанбул осуди денес на затворски казни пет новинари обвинети дека „откриле државни тајни“, но тие се пуштени на слобода додека трае жалбената постапка.

EPA-EFE

Пет новинари на порталот ОдаТВ, како и шести колега кој е ослободен беа обвинети за откривање државни тајни и откривање идентитет на агент на тајната служба.

Случајот почна кога ОдаТВ на почетокот на март објави напис за дискретен погреб на агент на турската разузнавачка служба (МИТ), кој според медиумите е убиен во Либија каде Анкара воено ја поддржува владата во Триполи наспроти силите на генералот Калифа Хафтар.

Во својот напис ОдаТВ го идентификувала наводниот агент по неговото вистинско име и првата буква од презимето.

Тројва новинари се осудени на три години и девет месеци затвор, пренесува агенцијата Анадолу. Остантите двајца добија по четири години и четири месеци затвор.

Еден од нив, уредникот на ОдаТВ, е ослободен од обвиненијата.

Шестмината обвинети беа притворени на почетокот на март, а потоа тројца од нив беа пуштени на условна слобода. Тие можеа да добијат и до 20 години затвор, истакнува Анадолу.

Тие во текот на целото судење тврдеа дека не се виновни.

Неколку десетици луѓе се собраа денес пред судот за да ги поддржат обвинетите и скандираа слогани во одбрана на слободата на медиумите.

Турција е на 154 место од 180 земји на индексот на слободата на печатот кој го објавува организацијата Репортери без граници.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе