Турција од Русија ја бара и технологијата за ракетниот систем С-400

Турција е спремна да купи нов комплет од противвоздушниот систем С-400 „триумф“, доколку Русија ѝ ја предаде технологијата, соопшти шефот на турскиот Секретаријат за воена индустрија Исмаил Демир.

EPA-EFE

„Сè додека САД не воведат дополнителни санкции, не гледаме ризик. Доколку сакаме, и новиот комплет С-400 би стигнал денес. Меѓутоа, нам ни е важно заедничкото производство и добивањето на технологијата“, кажа Демир, а пренесува Си-ен-ен Турк.

Тој додаде дека системите С-400 кои ги добила Турција се „спремни за работа и ќе бидат употребени штом биде потребно“.

САД воведоа санкции против турскиот Секретаријат за одбранбена индустрија и неговиот шеф Исмаил Демир, како и против други три лица во Турција поради „врски со Русија“.

Испораките на руските противвоздушни ракетни системи С-400, кои ја предизвикаа кризата во односите на НАТО сојузниците Турција и САД, почнаа во средината на јули 2019 година.

Вашингтон бараше од Анкара да се повлече од договорот и за возврат да го купи американскиот систем „патриот“, заканувајќи се дека ќе ја одложи или дури и откаже продажбата на најновите ловци Ф-35 на Турција, како и дека ќе воведе санкции во согласност со законот за спротивставување на американските противници преку санкции. Анкара одби да направи отстапки и ги продолжи преговорите за дополнителна испорака на С-400.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе