ЕРДОГАН ОТКРИ ДЕКА Е УПЛАТЕН АВАНС

Турција од Русија го купува системот за противвоздушна одбрана С-400

Турција потпиша договор со Русија за купување на системот за противвоздушна одбрана С-400, изјави денес турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, објавија турските медиуми.

Ова е најголем таков договор што Анкара го потпишала со Москва.

„Потпишан е договор за купување на системот С-400 од Русија“, рече Ердоган, пренесе Хуријет.

Ердоган додаде дека, колку што му е познато, уплатен е аванс.

Продажбата на системот за противвоздушна одбрана на членката на НАТО претставува нова фаза во смирувањето на Турција и Русија чии односи беа во сериозна криза изминатата година.

Рускиот претседател Владимир Путин кон крајот на мај ги отповика повеќето санкции наметнати на Анкара по рушењето на рускиот воен авион во Сирија во 2015.

По тој инцидент, Русија го распореди С-400 како заштита за своите авиони во Сирија, каде спроведува воени операции за поддршка на силите на претседателот Башар ал Асад.

Еден проблем кај Трамп е тоа што му е опсесија да изгледа „силен".

повеќе

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе

„Москва се труди да протурка слика за себе како благонаклонет партнер и заштитник на сувереноста и на православното христијанство антитеза на Западот што 'цело време се меша таму кај што не му е местото'.

повеќе