Турција нема да се приклучи во западните санкции против Русија

Турција нема да се приклучи на западните санкции против Русија, кои беа воведени поради украинската криза, изјави портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин.

Фото: ЕПА

Тој рече дека не воведуваат санкции и нема да се приклучат.

„Мораме да ги гледаме нашите интереси. Ако сите ги уриваат мостовите, тогаш кој ќе разговара со Русија“, рекол Калин, пренесуваат агенциите.

Тој нагласи дека економските односи на Турција со Русија се такви што санкциите ќе ѝ нанесат поголема штета на турската економија отколку на руската.

„Имаме јасна позиција (по прашањето за санкциите). Западот не го прифати тоа“, рече Калин.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе