Турција наводно извршила воздушен напад против Курдите во Сирија (ВИДЕО)

Турската воена авијација изврши напад врз база на курдските Сириски демократски сили во сириската провинција Хасака, пренесува Раша тудеј.

Во соопштението на локалната телевизија Мајадин се вели: Турски воени авиони извршија напад врз курдските сили во преградието Ел Маликија во провинцијата Хасака на североистокот на Сирија“. Нема информации за жртви на нападот.

На социјалните мрежи се појавија непотврдени видеа од нападот на турските авиони врз курдските сили.

Сириската државна телевизија Ихбарија исто така јави за турски воздушен напад врз курдските сили во селото Тел Тавил во близина на Ел Маликија.

Претходно Сириските демократски сили јавија дека американските трупи се повлекле од границата со Турција на северот на Сирија, кршејќи ги договорите постигнати со курдските сојузници.

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе