Хакиран систем за повикување на молитва

Турција: Наместо повик на молитва од џамии пуштена „Бела чао“ (ВИДЕО)

Турските власти отворија денес истрага откако во Измир бил хакиран систем за повикување на молитва, па од минарињата на неколку џамии била пуштена италијанската антифашистичка песна „Бела чао“.

EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Антифашистичката химна била емитувана вчера попладне наместо повикот на молитва, кој се емитува пет пати дневно, а снимката е објавена и на социјалните мрежи.

Локалната гранка на турските власти за верски прашања го потврди  синоќа на Твитер инцидентот и најави отворање внатрешна истрага и поднесување пријави до полицијата.

„Бела чао“ била емитувана откако „непознати лица го саботирале и нелегално го хакирале системот за повик на молитва“, се прецизира во соопштението.

Обвинителството во Измир отворило истрага за инцидентот кој ќе ги опфати и корисниците на социјалните мрежи осомничени за „негирање на верските вредности“, јави агенцијата Анадолија.

Портпаролот на владејачката партија Омер Челик на Твитер „остро го осуди“ овој инцидент и наведе дека извршителите ќе бидат најдени.

Инцидентот се случи во екот на рамазан, муслиманскиот месец на постот, во момент кога џамиите се затворени поради пандемијата на коронавирусот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе