Брза реакција

Турција најави одложување на испораката, Москва брзо одговори дека С-400 ќе биде доставен пред крајниот рок

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека реализацијата на договорот за испорака на руските ракетни противвоздушни системи С-400 на Турција се одвива според планот.

Според него, опремата ќе биде испорачана и порано од планираното.

„Испораката ќе биде извршена порано отколку што беше првично планирано, на барање на турската страна“, изјави Песков а пренесува турската агенција Анадолија.

Набавката на ракетниот одбранбен систем С-400 ги разниша односите на Анкара и Вашингтон, кој во неколку наврати побара од турските власти да се откажат од ракетните системи, бидејќи во спротивно ќе се соочат со американски санкции.

Американската администрација како една од потенцијалните санкции против Анкара го најави исклучувањето на Турција од заедничката програма за производство на борбените авиони Ф-35.

Интересно е тоа што изјавата на Песков доаѓа по интервјуто на турскиот министер за одбрана Хулуси Акар, која кажа дека испораката на ракетните системи ќе биде одложена до јуни.

Турција деновиве е во незавидна позиција. Им остануваат уште девет дена да одлучат дали ќе ги купат или не најсовремените ракетни системи од Русија. Што и да одлучат, ќе разгневат една од двете светски воени суперсили.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе