Турција најави нови напади ако Курдите не заминат од североистокот на Сирија

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кажа дека Турција ќе почне нова воена операција на североистокот на Сирија ако од тој регион не се повлечат борците на курдските единици ИПГ, кои ги нарече терористи, пренесе агенцијата Анадолу.

Чавушоглу кажа дека САД и Русија не го направиле она што требало според договорот со кој беше сопрена турската офанзива против Курдите на североистокот на Сирија минатиот месец.

Според договорот ИПГ требаше да се повлечат од зоната покрај границата со Турција.

Чавушоглу денес ги повика Вашингтон и Москва да се придржуваат до преземените обврски со договорот.

„Ако нема резултати, ќе го направиме она што е потребно, како што ја почнавме офанзивата откако се обидовме со патролите со САД“, кажа Чавушоглу.

Турција ја почна офанзивата на 9 октомври, откако американскиот претседател Доналд Трамп ги повлече силите од спорната област.

Анкара ги смета ИПГ, главната сила во Сириските демократски сили (СДФ) формирани по американска иницијатива, за терористичка организација и подружнива на Работничката партија на Курдистан (ПКК), со која со децении се борат турските оружени сили.

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе