Уништени се неколку куќи, дуќани и возила

Турција: Локализиран пожарот кај Анталија, тројца загинати, над 50 хоспитализирани (ВИДЕО)

Најмалку три лица загинаа, а повеќе десетици се во болници поради последиците од шумскиот пожар кој ветерот го донесе до зградите на летувалиштето Манавгат кај Анталија, на југот на Турција, соопштија денес властите.

EPA-EFE

Евакуирани се 20 градски кварта и соседни села, 112 лица се повредени од кои 58 хоспитализирани, најмногу поради труење со чад.

Министерот за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли кажа дека е зауздан пожарот кој изби вчера и дека денес нема загрозени имоти или луѓе.

Меѓутоа, денес изби уште еден пожар, па пожарникарите се и понатаму на терен. Неколку куќи, дуќани и возила се уништени.

Покраината Анталија во која избија пожарите е популарна туристичка дестинација во Турција.

Неколку помалку шумски пожари горат и во други делови на Турција, но нема опасност по населени места.

Шумските пожари се чести на турското крајбрежје во лето, а за многу од нив се смета дека се подметнати.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе