Турција купи моќно руско оружје: „Ќе го користиме, нема да стои настрана“

Турција од Русија купи противракетен одбранбен систем С-400 за да го користи, а не да го остави настрана, изјави денес челникот на турскиот директорат за одбранбена индустрија, неколку дена по разговорите меѓу турскиот претседател Таип Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп.

Ердоган и Трамп во Вашингтон разговараа за сè поголемите разлики меѓу двете НАТО сојузнички, почнувајќи од разликите во политиката кон Сирија, до најавите за санкции поради турското купување на С-400, за што Вашингтон вели дека претставува закана за нивните борбени авиони Локхид Мартин Ф-35.

Вашингтон предупреди дека Анкара ќе се соочи со санкции поради купувањето на С-400 и ја суспендираше програмата Р-35 во која Турција беше купувач и производител. Санкциите допрва треба да бидат наметнати за Турција, која започна да ги прима руските системи во јули.

Во интервју за Си-ен-ен Турк, Исмаил Демир рече дека не е логично за ниту една земја да купи таков систем само за да го остави настрана и додаде дека Анкара и Вашингтон биле насочени да го решат тој проблем.

„Не е вистинскиот пристап да се каже ‘нема да ги користиме за нивно добро’ за системот што го купивме од нужда и толку скапо го плативме“, рече Демир. „Имаме сојузнички односи со Русија и со Соединетите Американски Држави. Мора да продолжиме и да ги почитуваме договорите што ги потпишавме“, рече тој.

Во средата, Трамп го повика Ердоган во Белата куќа да се откаже од системот С-400, но Ердоган подоцна рече дека Анкара не може да им наштети на односите со Русија.

Тој ја повтори желбата на Турција да го купи и американскиот одбранбен систем Патриот, покрај системот С-400.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе