Турција: Кога ќе влеземе 30 километри во сириската територија, теророт ќе биде елиминиран (ВИДЕО)

Турската офанзива на североистокот на Сирија нема да оди повеќе од 30 километри во длабочината на сириската територија, кажа денес турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу откако Анкара ден претходно почна сеопфатна воена акција против силите на сириските Курди.

Чавушоглу кажа дека безбедносната закана која за Турција ја претставуваат курдските борци ќе биде отстранета ако областа се „исчисти“ од милитантите.

„Кога ќе влеземе 30 километри во длабочината на сириската територија, теророт ќе биде елиминиран“, кажа турскиот министер.

Шефот на турската дипломатија порача и дека Турција, во рамки на својата воена акција, има право да го користи воздушниот простор на Сирија.

„Имаме право да го користиме тој воздушен простор. Тој не им припаѓа на САД и немаат право да го контролираат“, кажа Чавушоглу.

Ирачкиот претседател Бархам Салех, кој е Курд, оцени синоќа дека турската воена офанзива ќе предизвика „патење на населението“ и ќе ги „зајакне терористичките групи“ откако Багдад пред помалку од две години прогласи победа над ИСИС на својата територија.

Во Сулеманија, на истокот на Ирак, околу 5.000 ирачки Курди мирно демонстрираа со извикување „Ердоган диктатор“, изразувајќи незадоволство од офанзивата која, според нив, ќе ги зајакне џихадистите на Исламска држава.

Сириската невладина организација Опсерваторија за човекови права јави дека над 60.000 луѓе веќе избегале од североистокот на Сирија пред турската офанзива.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе