Турција ќе врати над 1.800 државни службеници по чистката по обидот за пуч

Турските власти со итен декрет во петокот вратија повеќе од 1.800 државни службеници откако утврдија дека немаат никакви врски со групата обвинета за неуспешниот државен удар во 2016 година.

Вработените во јавниот сектор беа отпуштени откако беа обвинети за преземање енкриптирана апликација за пораки позната како Бајлок (ByLock), за која властите велат дека била користена од движењето на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен со седиште во САД кој е обвинет за обидот за пуч.

Но, на крајот од минатата година, властите соопштија дека апликацијата била преземена од илјадници луѓе без да знаат.

Ѓулен ги негира обвинувањата на Турција и тврди дека неговото движење е мирна група.

Вкупно 1.823 државни службеници ќе се вратат на работа, вклучувајќи 544 лица од Министерството за образование и 204 вработени во Министерството за здравство.

Декретот исто така вели дека 458 лица од полициските сили можат да се вратат на своите работни места.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе