Турција ќе возврати на санкциите на САД поради купувањето на рускиот ракетен систем С-400

Турција „ќе преземе реципрочни мерки“ ако САД воведат санкции поради купувањето на рускиот противвоздушен ракетен систем С-400, соопшти турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, што е најновиот чекор кон ќорсокакот во односите на НАТО сојузниците.

„Ако САД преземат какви било негативни мерки против нас, ние исто така ќе преземеме реципрочни мерки“, изјави шефот на турската дипломатија на прашањето за можноста за можните американски санкции во интервју на турската државна телевизија.

Анкара и Вашингтон со месеци јавно се расправаат околу турското купување на ракетниот систем С-400, кој треба да биде доставен следниот месец.

Вашингтон најави дека тоа ќе предизвика американски санкции и ја предупреди Анкара дека ќе биде исфрлена од проектот на производство на борбените авиони Ф-35.

Турската лира веднаш потоа ослабе во однос на доларот и сега еден долар вреди 5,93 лири, што е најмала вредност на турската валута во последните две недели.

„Одлучни сме околу прашањето на С-400. Нема да се повлечеме независно од резултатот“, кажа Чавушоглу и додаде дека е невозможно да се откаже нарачката.

Системот С-400 не е компатибилен со одбранбените системи на НАТО, а Вашингтон тврди дека ќе ги загрози авионите Ф-35 ки Турција исто така ги има нарачано.

Анкаара предложи двете членки на НАТО пактот да формираат работна група која би го провенила ефектот на системот С-400, но сѐ уште нема одговор од Вашингтон.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе