Турција ќе ја бара „најдобрата технологија“ на друго место доколку САД го блокираат трансферот на Ф-35

Ако Турција не може да ги купи борбените авиони Ф-35 од САД, ќе бара замена на друго место, рече турскиот министер за надворешни работи. САД се заканија дека ќе ја исфрлат Анкара од програмата поради договорот со Русија за С-400.

По приемот на Големото национално собрание на Турција во вторникот, турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу за медиумите рече дека неговата земја е можно да разгледа други опции доколку Вашингтон ги спроведе заканите и ги остави без борбените авиони Ф-35.

„Ние сме веќе партнери во производната програма на Ф-35, учествуваме во овој проект, го плативме потребниот износ“, рече Чавушоглу.

„Во моментов немаме проблеми со ова. Но, во најлошото сценарио, ќе мора да ги задоволиме нашите потреби на друго место, каде што ќе биде понудена најдобрата технологија“, додаде тој.

Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар навести дека Анкара ќе го активира „планот Б“ во случај на раскинување на договорот со САД.

„Имаме краткорочни, среднорочни и долгорочни планови“, рече министерот за одбрана.

САД се заканија дека ќе ја запрат испораката и целосно ќе го прекинат учеството на Турција во програмата Ф-35 ако не го отфрли договорот за купување на рускиот систем за воздушна одбрана С-400, изразувајќи загриженост дека може да ѝ наштети на интероперабилноста на НАТО и да ја компромитира безбедноста на Ф-35.

Американските сенатори ја наметнаа идејата за воведување санкции врз Турција, во согласност со Законот за борба против непријателите на Америка преку санкции (ЦААТСА), доколку не го отфрли рускиот систем.

Турција инсистира дека системот за ракетна одбрана не претставува ризик ниту за програмата на борбените авиони, ниту за системите на НАТО. За да се ублажи загриженоста на Вашингтон, Турција предложи формирање на технички комитет кој ќе ги разгледа можните безбедносни закани од С-400. Сепак, САД досега не покажаа интерес за предлогот.

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе