Турција ќе инвестира речиси 4 милијарди долари во производство на електрични автомобили (ВИДЕО)

Турција соопшти дека планира да произведува до 175.000 електрични возила годишно во рамки на проектот во кој во текот на 13 години ќе се инвестираат 22 милијарди лири (3,7 милијарди долари), јави Ројтерс.

Турција веќе извезува голем број автомобили во Европа кои ги прозиведува за компаниите како Форд, Фиат Крајслер, Рено, Тојота и Хјундаи.

Притоа, претседателот Реџеп Таип Ердоган и неговата владејачка пасртија АКП веќе со години копнеат да произведуваат домашни автомобили, со што ќе ја демонстрираат економската моќ на големиот пазар во развој.

Ердоган уште во ноември 2017 година објави план за производство на домашни автомобили најдоцна до 2021 година.

Денес, претседателот конечно треба да го претстави проектот пред јавноста која веќе доби увид со објавувањето на видео на прототипот од возилото завиткано во црна церада додека вози на автопатите и преку мост.

Како дел од денешната церемонија, се очекува Ердоган да го вози прототипот на возилото преку висечки мост.

Државата ќе го поддржи проектот за производство на електрични возила со даночни олеснувања, а производството ќе биде лоцирано во новиот објект во Бурса, според претседателската одлука објавена во официјалниот билтен.

Фабриката ќе произведува пет модели на автомобили и ќе вработи повеќе од 4.000 луѓе. Владата гарантира дека до 2035 година ќе купи 30 000 возила.

„Турската група за автомобилска иницијатива“ (ТОГГ) е конзорциум формиран кон средината на минатата година, а го чинат Анадолу груп, БМС, Кок груп, мобилниот оператор Турксел и Зорлу холдинг.

Извршниот директор на ТОГГ е поранешен директор на Бош Гурчан Каракас, а деловниот директор Серџо Роча, поранешен директор на јужнокорејската филијала на Џенерал моторс.

Производството е предвидено да започне во 2022 година со моделите на спортски теренци во сегментот на компактни автомобили.

Фолксваген во октомври ја одложи конечната одлука за изградба на фабрика за автомобили во Турција, поради критиките од меѓународната јавност за воената операција на Турција во Сирија.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе