Според главниот советник на Ердоган

Турција ќе го преиспита своето членство во НАТО

Време е да се преиспита прашањето за членството на Турција во НАТО, рече главниот советник на Ердоган, Јалчин Топку, според локалните медиуми. Турција ја има втората најголема армија во Алијансата по САД.

„Присуството на големата турска нација во оваа институција (НАТО) е доведена во прашање“, рече Топчу, нарекувајќи го однесувањето на Алијансата кон Анкара „брутално и нечесно“, објави Хабертурк.

Турција минатата недела повлече 40 свои војници од воена вежба на НАТО откако претседателот Реџеп Таип Ердоган и водачот-основач на земјата Мустафа Кемал Ататурк биле наведени како „непријатели“.

„Тие во Норвешка користеа табела на непријатели. Во таа табела беа моето име и сликата на Ататурк“, изјави Ердоган пред членовите на партијата во Анкара.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, издаде соопштение во кое вели: „Се извинувам за причинетата навреда“ и најави истрага за „инцидентот“.

„Турција е ценет сојузник на НАТО, кој дава значаен придонес кон сојузничката безбедност“, се вели во соопштението.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го отфрли извинувањето и истакна дека тоа не може да се надмине со „обично извинување“.

На Водно навистина не му треба сега и жичарница нова да се гради.

повеќе

Неконтролираниот политички развој, кој создаде пет парламентарни партии на етничките Албанци, ја прави нестабилна политичката ситуација не само кај aлбанскиот блок, туку и на ниво на државата. 

повеќе

Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021 се носи во екс-пост заробена држава каде тензиите помеѓу администрацијата, економските агенти, клиентите и општеството се големи.

повеќе