Турција ја предупреди Грција откако постави знаме на спорен остров

Турскиот премиер ја предупреди Грција да се воздржи од „провокации“ откако грчко знаме беше поставено на спорниот, ненаселен остров во Егејското Море во близина на турското крајбрежје.

Премиерот Бинали Јилдирим за новинарите во понеделникот изјави дека турските крајбрежни стражари го отстраниле знамето од островот покрај брегот на Егејското одморалиште Дидим, пренесе Вашингтон Пост.

Јилдирим рече дека инцидентот е сличен на оној од 1996 година, кога двата НАТО сојузници завојувале поради ненаселениот остров Имиа, т.е. Кардак на турски – за кого и Турција и Грција велат дека е нивен.

Јилдирим рече „нашиот совет за Грција е да се воздржи од провокации и вознемирувања... Решени сме да дадеме соодветен одговор“.

Во Атина, портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос рече дека владата не знаела за инцидентот и ги опиша забелешките на Јилдирим како „провокативни и неоправдани“.

„Мислам дека Јилдирим треба да биде повнимателен“, рече Ѕанакопулос. „Ја повикуваме Турција да се врати кон почитување на меѓународното право... Тие треба да преземат иницијатива за деескалација на тензиите“.

Универзитетите повеќе не се место за натпревар помеѓу кандидатите во креација, научна продукција и сл., туку место за „вдомување“ на партиски активисти.

повеќе

Спортските организации својата активност премногу ја имаат насочено кон дејноста спорт како игра, тренирање или бизнис, а не кон спортот како социјална потреба во функција на подобрување на општествените состојби.

повеќе

Н е јасно како оваа одложена покана е поразлична од онаа од Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година.

повеќе