Бомби, експлозии и цивилни жртви

Турција ја почна офанзивата во Сирија, Курдите возвраќаат (ВИДЕО)

Турските воени авиони бомбардираат делови од североисточна Сирија на почетокот на офанзивата што може да доведе до конфликт со американските сојузници предводени од Курдите.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека целта на операцијата е да се создаде „безбедна зона“ расчистена од курдските милиции во која ќе бидат сместени и сириски бегалци.

Нападите предизвикаа цивилни жртви, соопштија Сириските демократски сили (СДФ), предводени од Курдите.

На границата се трупаат и турски копнени сили.

Офанзивата почнува само неколку дена откако претседателот Доналд Трамп контроверзно ги повлече американските трупи од северна Сирија, одлука објавена по телефонскиот разговор со Ердоган, која предизвика широки критики дома и во странство.

На Твитер Ердоган рече дека мисијата „е да се спречи создавање терористички коридор преку нашата јужна граница и да се донесе мир во областа“ и дека „ќе го зачува територијалниот интегритет на Сирија и ќе ги ослободи локалните заедници од терористите“.

Портпаролот на курдските сили во северна Сирија рече дека турските воени авиони почнале да напаѓаат „цивилни области“.

Мустафа Бали од Сириските демократски сили рече дека воздушните напади предизвикале „огромна паника кај луѓето во регионот“.

Твитот на Бали попладнево се појави веднаш откако турскиот претседател Ердоган на Твитер објави дека почнала турската воена офанзива во североисточна Сирија.

Неколку големи експлозии се слушнале во пограничниот град Рас ал Аин, додека експлозии се слушнале и во Тал Абјад, пренесува новинската агенција Ројтерс.

СДФ соопшти дека двајца цивили се убиени во селото Мишарафа, западно од Рас ал-Аин, а жителите преку границата биле „исплашени и почнал бран раселувања“.

Турција сака да создаде „безбедна зона“, расчистена од курдските милиции, кои Анкара ги смета за терористи, во која би биле сместени и два милиони од 3,6-те милиони сириски бегалци во Турција.

СДФ побара од САД и коалицијата против ИСИС во областа да формираат зона без прелети „за да престанат нападите врз невини луѓе“.

Претходно, курдската управа во регионот ги повика цивилите „да се упатат кон границата со Турција за да ја исполнат својата должност“.

 

Курдите возвраќаат

Турската државна новинска агенција соопшти дека две минофрлачки гранати биле испукани во еден турски град, на границата со Сирија. Никој не бил повреден во нападот.

Агенцијата Анадолу соопшти дека гранати го погодиле градот Џејланпинар.

Тие биле испукани од сирискиот курдски град Рас ал-Аин, објави Анадолу, кратко време откако Турција ја почна воената операција со цел да ги избрка сириските курдски сили подалеку од границата со Турција.

Во меѓувреме, турските власти им забранија на цивилите да влегуваат во областа по должината на турско-сириската граница.

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе