Турција ја намалува зависностa од рускиот гас, увезува 70 проценти помалку од лани

Турција се обидува да ја намали зависноста од рускиот гас и за прв пат по речиси две децении веројатно воопшто нема да увезува руски гас и тоа барем две недели.

Според турската државна компанија Ботас, наведена од Интерфакс, гасоводот Турски тек целосно ќе биде исклучен на 27 јули. Ботас е купувач на целокупната испорака на гас по тој пат, пуштен во употреба во јануари оваа година.

Тој гасовод ќе биде затворен до средината на август, поради поправки и ремонт. Исто така беше затворен минатиот месец, заради планираното одржување.

Друг гасовод од Русија до Турција, Син тек, исто така е затворен уште од мај, иако според плановите требало да биде затворен само на неколку недели.

Така, Турција увезува 70% помалку гас од Русија во однос на јули минатата година, туркајќи го рускиот Гаспром на списокот на главни снабдувачи со гас во Турција зад Азербејџан и Иран.

Турција, исто така, дел од рускиот гас го замени со ЛНГ (течен природен гас), откако му паднаа цените.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе