Турција изгуби 4.8 милијарди долари во резерви за една недела

Вкупните турски резерви, вклучувајќи ги и резервите на злато од 61.2 милијарди долари се најниски во последните десет месеци.

Фото:Скриншот

Турција има најголема загуба на девизните резерви од почетокот на оваа година, само за една недела загуби 4.8 милијарди американски долари.

Обидот да се зачува вредноста на домашната валута се смета за голем трошок.

Централната банка на Турција соопшти дека загубата настанала до 13 мај, за само седум дена.

И покрај тоа што државните банки повремено интервенираат на девизните пазари, лирата има најниска вредност во однос на доларот.

Само од почетокот на годината таа загуби 16 отсто од вредноста во однос на вредноста на американската валута.

Државните банки не ги коментираа своите интервенции, но поранешниот гувернер на Централната банка во 2020 година изјави дека интервенциите биле во согласност со законот.

Американскиот бизнис портал Блумберг пишува дека намалувањето на резервите е клучен извор на ранливоста на турската економија.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган истакна дека во 2019 и 2020 година се потрошени 165 милијарди долари за стабилизирање на домашната валута.

Оваа мерка се покажала како неуспешна, па централната банка конечно била принудена да ги зголеми каматните стапки.

Легенда под Главна слика

Фото:Скриншот

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе