Турција испраќа војска во Либија

Реџеп Таип Ердоган пред да замине на самитот во Берлин потврди дека Турција започна со испраќање војска во Либија. Тој рече дека Турција испраќа трупи за поддршка на меѓународно признатата влада во Триполи.

Говорејќи во Анкара, Ердоган додаде дека Турција ќе продолжи да ги користи сите дипломатски и воени можности да обезбеди стабилност јужно од Турција, вклучително и Либија.

Анкара веќе распореди сили за обука на војниците лојални на Владата на Националната спогодба (ГНА), како дел од договорот за безбедносна соработка меѓу двете земји.

Ердоган исто така рече дека, како дел од поморскиот договор, веќе нема да биде можно други држави да вршат истражување за нафта и дупчење на брегот на Либија без одобрение на Анкара и Триполи.

Турција вети дека ќе ја поддржи повеќемесечната борба на ГНА против лидерот на либиската милиција Калифа Хафтар. Ердоган вети дека ќе го научи „пучистот“ Хафтар „лекција“ ако не ја прекине својата воена кампања против владата поддржана од ОН. Командантот го напушти самитот во Москва, наменет за посредување примирје во Либија, блокирајќи го напредокот постигнат за завршување на конфликтот.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе