Турција испраќа војска во Катар, откако Ердоган не ја поддржа изолацијата на Доха

Турција вчера одлучи да испрати војска во Катар и вети храна и вода за земјата од Персискиот Залив која е соочена со изолација и закани од страна на моќните блискоисточни соседи.

Пратениците на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) и крајно десничарската Партија на националистичкото движење (МХП) изгласаа закон кој овозможува распоредување војници во турка база во Катар. Договорот за заедничка одбрана двете земји го потпишаа уште во 2014 година, но дури сега е потврден во парламентот.

Засега не се знае колку војници Турција ќе испрати во Катар кој неделава се најде под санкции на регионалните земји предводени од Саудиска Арабија, кои ја обвинуваат официјална Доха за поддршка на тероризмот.

Амбасадорот на Турција во Катар за Франс прес минатата година изјави дека воената база може да прими до 3.000 војници „па и повеќе ако е потребно“.

Опозицискиот пратеник на социјалдемократите (ЦХП) Сезгин Танрикулу потврди за Франс прес дека 80 турски војници веќе се испратени во воената база за да подготват распоредување на поголема формација.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој е близок со катарските лидери, ги критикуваше санкциите кои на таа земја неделава ѝ ги воведоа Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и други регионални држави.

Опозициската партија ЦХП е загрижена поради поддршката на Катар во екот на кризата и предупреди дека е погрешен момент за донесување на законот. „Како може да бидете посредник доколку поддржувате една страна?“, праша потпретседателот на партијата Озтурк Јилмаз.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе