Турција има најголем дневен број на заболени лица од мај

Дневниот број на новозаразени во Турција во понеделникот надмина 2.000, ниво последен пат забележано на почетокот на мај кога на сила биле рестриктивните мерки.

EPA-EFE/SEDAT SUNA

Податоците на турското министерство за здравство покажуваат дека уште 2.026 лица биле заразени со ковид-19, но Анкара пријавува само случаи со симптоми, што е критикувано од страна на најголемата опозициска партија и најголемото здружение на лекари во Турција.

Министерството во своите дневни извештаи од 29 јули наместо за „случаи“ зборува за „пациенти“. Министерот Фахретин Коча исто така рече дека дневниот број ги вклучува само оние со симптоми.

Вкупниот број на пациенти во понеделникот бил 349.519, покажуваат податоците.

Во последните 24 часа починале 75 лица, што е исто така највисоко ниво од мај. Вкупно починале 9.371 лице.

Турските власти претходно оваа година воведоа полициски час преку викенд, го ограничиле патувањето меѓу градовите и ги затвориле рестораните и кафулињата.

Скоро сите ограничувања се укинати во јуни, а оттогаш владата вовела мерки за социјално дистанцирање и носење маски и казни за оние што ги кршат правилата.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/SEDAT SUNA

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе