Турција им кажа не на авганистанските бегалци

Турција не може да прифати ниеден бегалец од Авганистан, соопшти портпаролот на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) Омер Челик. Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган претходно ја повика Европската Унија да ги почитува своите обврски кон емигрантите среде хаотичната ситуација во Авганистан.

EPA-EFE

„Турција не е бегалски камп. Ние повеќе немаме можност да прифатиме ниеден бегалец (од Авганистан). Сами ќе ги носиме одлуките. Многу внимателно ги чуваме нашите граници“, порача Челик.

Според него, турскиот претседател Ердоган се залага да се најде сеопфатно решение за кризата во Авганистан.

„Тој води интензивна меѓународна дипломатија – разговара со (рускиот претседател Владимир) Путин и (германската канцеларка Ангела) Меркел за ситуацијата во Авганистан. Внимателно ја следиме темата на човековите права во Авганистан, кој премина под управа на талибанците. Не може авганистанскиот народ да се остави во небрани, таму се случува вистинска драма“, додаде Челик.

Ердоган претходно побара од ЕУ да ги почитува своите обврски кон емигрантите среде хаотичната ситуација во Авганистан откако Атина соопшти дека авганистанските емигранти ќе ги враќа во Турција. „Прогласувањето на Турција за безбедна земја не ја ослободува ЕУ од нејзините меѓународни обврски“, кажа Ердоган во телефонскиот разговор со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Тој наведе дека на Авганистанците треба да им се помогне во матичната и соседните земји, за емиграцијата од Авганистан да не доведе до нови хуманитарни трагедии.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе