Турција ѝ се заканува на Грција со војна ако ја прошири територијата на море

Можното грчко проширување на територијалните води по должината на морската граница со Турција ќе се смета за повод за војна, рече во саботата турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Фото: ЕПА

„Тие (Грците) не смеат да ги прошират своите територијални води во Егејско Море на 12 милји“, рече Чавушоглу, мислејќи на морето што ги дели двете медитерански земји. „Тоа би било повод за војна, casus belli“, рече Чавушоглу, повикувајќи се на декларација на турскиот парламент од 1995 година.

И Турција и Грција имаат шест милји територијално море во Егејско Море, каде што недалеку од турскиот брег се наоѓаат голем број грчки острови. Двете соседни земји, членки на НАТО, последниве денови се расправаа околу плановите на Турција да го истражува морското дно на источен Медитеран, за кое се верува дека е богато со нафта и гас.

Турското предупредување следува откако грчкиот премиер Киријакос Мицотакис минатата недела објави дека грчките територијални води на западната страна, свртена кон Италија, ќе се прошират од шест на 12 милји. Мицотакис рече и дека Грција би можела да ги прошири своите територијални води и во други области.

„Не нè интересира ако го прошируваат своето територијално море во Јонско Море... но нашиот став за Егејско Море е комплетно јасен“, рече Чавушоглу.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе