Турција и САД отворија оперативен центар во Сирија, сакаат да воспостават безбедносна зона

Заедничкиот турско-американски оперативен центар за воспоставување и управување со безбедносна зона во северо-источна Сирија е целосно оперативен, изјави турскиот министер за одбрана Хулуси Акар, јави новинската агенција Анадолу.

Турција и Соединетите Американски Држави се согласија да формираат центар за заеднички операции долж северо-источната граница на Сирија.

„Центарот за заедничките операции започна да работи со полн капацитет. Командата на центарот ја вршат еден американски и еден турски генерал“, рече Акар.

Командантот на Пентагон Шон Робертсон изјави дека американски и турски генерал вчера летале во прва заедничка извидничка мисија над североисточна Сирија.

Робертсон рече дека извидничкиот лет и заедничкиот координативен центар „покажуваат посветеност за решавање на легитимни турски безбедносни прашања на нивната јужна граница“ и ќе помогнат да се обезбеди „безбедност во североисточна Сирија, така што ИСИС нема да може повторно да се појави“.

Минхенската безбедносна конференција, која со децении служеше како силен симбол на силата на западното сојузништво, оваа година покажа дека јазот меѓу сојузниците е поголем од кога и да е.

повеќе

Време е да се почне да се размислува што може да значи тоа.

повеќе

Ако сте скијач или бордер, зима, планина, снег, сонце и чист воздух веднаш ве асоцираат на авантура и хедонизам. Физичка активност, радост и умствено опуштање.

повеќе