Ердоган предупреди

Заедничките турско-руски патроли ќе започнат од петок

Заедничките турско-руски патроли ќе започнат подоцна оваа недела, додека курдските сили продолжуваат да ја напуштаат „безбедносната зона" на 30 километри по должината на границата на Сирија со Турција, рече претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Заедничките патроли „започнуваат во петок“, рече денес Ердоган во говорот пред пратениците, осврнувајќи се на договорот што тој го постигна со рускиот лидер Владимир Путин минатата недела.

Целта на патролите е да се одржи безбедноста во рамките на „безбедносната зона“ долж турско-сириската граница. Руското Министерство за одбрана претходно рече дека курдските сили, кои Анкара ги смета за терористи, ја напуштиле областа преку специјално организиран „безбедносен коридор“. Тие се заменети со сириски владини трупи и руска воена полиција.

Ердоган рече дека добил потврда од Москва дека курдските паравоени сили се повлекле од границата, но, според турски разузнавачки информации, во некои случаи тоа не било така. Тој предупреди дека турската армија ќе го продолжи притисокот против Курдите, доколку тие не се повлечат како што ветија или ако ги нападнат турските војници.

Анкара започна офанзива, наречена операција Извор на мирот, насочена кон курдските сили на почетокот на овој месец. Напредокот е стопиран откако САД се согласија да помогнат во повлекувањето на Курдите, а подоцна сличен договор е постигнат и со Русија.

Американските трупи, сојузници со Курдите во нивната борба против Исламската држава, набрзина ја напуштија областа непосредно пред турската инвазија. Тие се повлекоа од поголемите градови Рака и Манбиџ, а сириската армија заедно со руската воена полиција ги заменија.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе