Турција ѝ пружа на Грција рака на помирување

Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу денес официјално ѝ понуди на Грција продолжување на преговорите за спорот околу истражувањето на наоѓалишта на нафта и гас во Средоземното Море.

EPA-EFE

Чавушоглу им кажа на новинарите дека Атина претходно ја навестила можноста преговорите да продолжат денес, но дека ништо не се случило и дека Грција нема оправдување за непродолжувањето на разговорите, пренесува Ројтерс.

Турција и Грција досега одржаа 60 рунди преговори до 2016 година, кога разговорите беа прекинати.

Анкара и Атина спорат околу поморските граници и правата на потенцијалните извори на нафта и гас во областа на источното Средоземно Море. Тензиите ескалираа во август, кога Турција го испрати бродот Оруч реис во водите кои Грција ги смета за свои.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе