Турција ѝ порача на Русија: Сириските сили мора да се повлечат од Идлиб

Турција денес ѝ кажа на Русија дека турската војска е спремна да се погрижи сириските сили, кои ги поддржува Москва, да се повлечат од последното бунтовничко упориште на северозападот на Сирија, на средба на двете страни во Москва.

Сириските сили, на кои Русија им пружа поддршка од воздух, водат офанзива во делови од покраината Идлиб кај границата со Турција, приморувајќи илјадници цивили во бегство и поттикнувајќи турски барања за прекин на огнот.

Москва, сојузник на сирискиот претседател Башар ал Асад, ја обвинува Турција дека ги игнорира нивните меѓусебни договори и дека не успеала да ги заузда милитантите во Идлиб, кои според руските тврдења ги напаѓаат и сириските и руските сили.

Руска и турска делегација одржаа денес втора рунда разговори во Москва со кои сакаат да ги приближат ставовите околу Идлиб, поради што е доведена во прашање одржливоста на нивната соработка во Сирија и надвор од неа.

Турција на средбата кажа дека сириските сили мора да се повлечат зад линијата на турските набљудувачки пунктови во Идлиб за да се спречи „хуманитарна катастрофа“, кажа Омер Челик, портпаролот на владејачката партија АКП пред новинарите во Анкара.

„Турската делегација јасно кажа дека Турција ги спроведе потребни воени подготовки за да се погрижи сириската влада да се повлече на претходните граници доколку таа самата не се повлече“, кажа тој.

Русија вчера објави дека Турција повторно почнала да спроведува заеднички патроли со руската војска на североистокот на Сирија по двонеделниот прекин. Турција и Русија заедно патролираат по североистокот на Сирија крај турската граница од октомври.

Но, турските сили не се појавуваа од 3 февруари, кажа руски одбранбен функционер за агенцијата Интерфакс. Турски безбедносен извор кажа на 7 февруари дека заеднички патроли биле одложени поради лошите временски услови.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе