Поради коронавирусот

Турција и Пакистан ги затвораат границите со Иран

Иран има пријавено 43 заразени и 8 починати, а сега Турција и Пакистан ги затвораат границите со Исламската Република. Авганистан ги прекина воздушните и копнените патувања кон Иран.

Турција „привремено“ ја затвора границата со Иран како превентивна мерка за епидемијата на коронавирус, соопштија денеска властите. Пакистан кратко потоа соопшти дека и тие ја затвораат границата со Иран.

Иран е првата земја на Блискиот Исток што пријави случаи на заболени лица со вирусот ковид-19, откако министерот за здравство во земјата објави дека 43 лица се заразени.

„Решивме привремено да ја затвориме копнената граница по порастот на бројот на заразени во нашиот сосед Иран“, соопшти министерот за здравство Фахретин Коџа, кој додаде дека и воздушниот сообраќај од Иран кон Турција ќе биде запрен, но дека патувањата кон Иран може да продолжат.

Властите во областа Ван, популарна дестинација за иранските туристи во источна Турција, поставија терминални камери на граничниот премин, додека на работниците што доаѓаат во контакт со посетителите им е наредено да носат заштитни маски, пренесува Дејли Сабах.

Ова се должи на зголемениот број ирански туристи во тој дел на Турција, непосредно пред иранската нова година.

Кратко по турското соопштение, Пакистан рече дека и тие ја затвораат границата со Иран.

„Ја затворивме нашата граница со Иран поради информациите дека таму има коронавирус“, соопшти Ајеша Зехри, висок владин функционер во пакистанската југозападна провинција Балучистан, која се граничи со Иран.

Неодамна, ирачката влада исто така забрани влез на туристи од Иран, поради страв од ширење на коронавирусот.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе